Бразилецот во финишот на дуел, нервозен од нерешениот резултат (1:1) удри противнички фудбалер кој се обидуваше да „украде“ некоја секунда.

Според пропозициите на Примера, за вакви постапки казната е два натпревара неиграње, за случајот на Марсело, престижниот „АС“ пишува дека суспензијата може да биде четири средби, бидејќи Марсело покажал решителност да го удри противникот, како и високо ниво на агресивност.

Неодамна суспензија од пет натпревари доби Кристијано Роналдо, па тренерот Зинедин Зидан ќе почека уште некое време за да излези на натпревар со својот најсилен состав./МИА

Датум на објава: недела, 10 септември 2017 во 10:30
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар