Ова беше втора победа за Хофенхајм во иста календарска година над баварскиот тим што е вистинска реткост во Бундеслигата. И минатата сезона Баерн имаше проблеми со тимот од Синсхајм, еднаш загуби (април 2017), а еднаш ремизираше и од можни шест освои само еден бод.

Двоен стрелец на вечерашниот меч беше Марко Ут во 27 и 51. минута.

Со трите освоени бода Хофенхајм го помина Баерн на табелата и сега има седум по три рунди исто колку и водечката Борусија Дортмунд, како и Хановер.
Баерн остана на шест бода и е во друштво со Лајпциг и Хамбургер./МИА

Датум на објава: сабота, 09 септември 2017 во 21:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар