Стрелци на головите за шампионот беа Грнчаров, Барсегјан и Глигоров. Токму Глигоров имаше многу мотиви на овој меч, со оглед дека беше 200-ти официјален настап во вардаровиот дрес. Голот за Силекс го постигна Ѓорѓевиќ.
За Вардар дуелот со гостите од Кратово беше последен тест пред дебито во Лига Европа со Зенит на 14 септември во Скопје.
Другите натпревари од 4. Коло во ПМФЛК се играат утре:
Академија Пандев - Ренова,
Пелистер - Скопје,
Шкупи - Работнички,
Шкендија – Победа.
Табела: Шкендија 9 бода, Пелистер 7, Вардар 6, Силекс 6, Академија Пандев 4, Победа 3, Работнички 2, Ренова 2, Скопје 1 и Шкупи 1./МИА.

Датум на објава: сабота, 09 септември 2017 во 20:35
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар