Лигата на нациите во која ќе се натпреваруваат репрезентациите на 55 земји ,членки на УЕФА ,  ќе се одржува за време на квалификациите за Европското првенство во септември октомври и ноември следната година . Распоредот ќе зависи од коефициентите добиени по завршувањето на квалификациските натпревари за Светското првенство , но без да се сметаат резултатите од бараж натпреварите . Во Лигите А и Б ќе се натпреваруваат 12 репрезентации во четири групи од по три екипи .

Репрезентативците на Македонија , според сегашните резултати ќе се натпреваруваат во Лигата Д против фудбалерите на Латвија , Белорусија , Грузија , Ерменија, Фарски Острови , Луксембург , Литванија , Молдавија , Казахстан , Лихтенштајн , Андора , Малта , Косово , Сан Марино и Гибралтар .

Во Лигата Ц ќе се натпреваруваат 15 екипи и тоа во една група од по три и две од по четири репрезентации , додека во Лигата Д , екипите ќе бидат поделени во пет групи. Победниците ќе изборат пласман во посилната лига , а послабо пласираните ќе се паднат во пониска лига . Победниците од секоја група ќе изборат пласман на Европското првенство во 2020 година.

Во јуни 2019- та ќе се игра ,,final four” , а во март 2020 на програма е плеј оф , во која ќе учествуваат 16 репрезентации .

Во Лигата А ќе играат :  Германија , Португалија , Белгија , Шпанија , Швајцарија , Франција , Англија , Италија , Полска , Хрватска , Исланд и Велс.

Во Лига Б ќе се натпреваруваат : Русија , Северна Ирска, Словачка , Шведска , Холандија , Украина Босна и Херцеговина , Австрија , Турција , Ирска , Данска и Унгарија.

Во Лига Ц : Словенија , Албанија , Црна Гора , Србија , Шкотска , Чешка , Романија , Грција , Бугарија,Израел , Норвешка , Кипар , Финска , Естонија и Азербејџан.

Датум на објава: петок, 08 септември 2017 во 17:14
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар