Белорускиот првак е единствениот тим во СЕХА лигата што успеал во СЦ „Јане Сандански“ да освојува бодови.

Вардар има два победи во серија, а против Горење имаше и двоцифрена разлика, 32:19. Мешков доаѓа во Скопје по триумфот во Словенија кај екипата на Целје со 29:24.

Лани во СЕХА Газпром лигата гостите од Белорусија одиграа успеаја да освојат бод (34:34), а претходната сезона, 2015/2016 беа единствените што победија во Скопје (28:27).

Воедно, ово натпревар ќе биде последна проверка за „црвено-црните“ пред гостувањето кај Висла Плоцк во рамките од првото коло на ЕХФ лигата на шампионите на 17 септември.

Датум на објава: петок, 08 септември 2017 во 16:20
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар