Рано утрово Киз по само еден час и осум минути игра ја совлада Коко Вандевеј со 2-0 и во двата сета убедливо со 6:1 и 6:2.

Многу понеизвесно беше во првото полуфинале кое се одигра ноќеска. Стивенс беше поуспешна од Венус Вилијамс во три сета (2-1). Таа го доби првиот сет со 6:1, Вилијамс возврати во вториот сет без ниту еден изгубен гем (6:0), а во решавачкиот трет сет беше 7:5.

Женското финале на УС Опен е закажано за утревечер со почеток во 22 часот. /МИА

Датум на објава: петок, 08 септември 2017 во 10:37
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар