Летонците ја „запишаа“ четвртата победа во групата, но нивниот триумф на Србија и го донесе првото место во групата. Трите селекции (Русија, Србија и Летонија) имаат ист скор 4 победи и 1 пораз, па табелата е одредена според кош количникот во меѓусебните дуели.

Резултати 5.коло Ц група: Чешка – Хрватска 69:107, Унгарија – Шпанија 64:87, Црна Гора – Романија 86:69.

Табела: Шпанија 5-0 (победи-порази), Хрватска 4-1, Црна Гора 3-2, Унгарија 2-3, Чешка 1-4, Романија 0-5.

Резултати 5.коло Д група: Русија – Велика Британија 82:70, Белгија – Србија 54:74, Летонија – Турција 89:79.

Табела: Србија 4-1, Летонија 4-1, Русија 4-1, Турција 2-3, Белгија 1-4, Велика Британија 0-5.

Во осминафиналето во сабота (9.септември) ќе играат: Словенија - Украина, Германија - Франција, Финска - Италија, Литванија - Грција. Во недела (10.септември) се играат осминафиналните дуели: Шпанија - Турција, Летонија - Црна Гора, Хрватска - Русија и Србија - Унгарија.

Утре на првенството е слободен ден. /МИА

коментари

остави коментар