Актуелната шампионка од Вимблдон ќе биде 24. тенисерка која се искачила на првото место на светската ранг листа.

Мугуруза во моментов е на 3.место на ВТА, но поразот на водечката Каролина Плишкова во четвртфиналето на УС Опен ќе и овозможи на Шпанката да избие на врвот.
ВТА-ранг листата се води од 1975 година. Оваа година на првото место беа Анџелик Кербер од Германија и Плишкова (Чешка). 

Датум на објава: четврток, 07 септември 2017 во 13:03
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар