Предвидено е во новото натпреварување да учествуваат сите 55 репрезентации, а термините на одигрување на натпреварите да бидат оние за пријателски средби.

Селекциите ќе бидат поделени во четири групи (лиги) 55 национални тимови, и ќе бидат поделени во четири лиги. А и Б лигата ќе има четири групи со по три репрезентации, Ц лигата 14 селекции, додека останатите ќе играат во Д-групата.

Местото на репрезентацијата во која лига ќе игра ќе зависи од рејтингот, најсилните ќе бидат во А, додека најслабите во Д лигата.

Победниците на групите ќе се пласираат во повисок ранг, а четирите најслаби пак ќе се симнат еден ранг подолу.

Првопласираните од сите 16 групи ќе играат во плеј-офот, а најдобрите четири од секоја лига обезбедуваат место на ЕП. Во случај некоја репрезентација преку квалификации да има изборено пласман на евро-шампионатот, тогаш следниот најдобро пласиран ќе го заземи неговото место. 

Датум на објава: четврток, 07 септември 2017 во 10:40
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар