На денешниот натпревар поради повреда не играше Лука Циндриќ, а меѓу подобрите на теренот беше Игор Карачиќ.

Во првиот дел Горење даваше силен отпор на „црвено-црните“, но во второто полувреме европскиот првак беше на вистиското ниво и стигна до убедлива победа. Најефикасен кај Вардар беше Иван Чупиќ со пет голови.

Вардар следниот натпревар од СЕХА лигата го игра во петок на домашен терен со Мешков Брест, додека утре во рамките на 2.коло Металург гостува кај Динамо Панчево. /МИА

Датум на објава: вторник, 05 септември 2017 во 20:32
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар