Во машка конкуренција Роџер Федерер последен обезбеди пласман меѓу осумте најдобри по триумфот над Филип Колшрајбер со максимални 3-0 во сетови.

Кај тенисерките Медисон Кис ја совлада Елина Свитолина со 2-1.

Двојки за четвртфиналето кај тенисерките:

Каролина Плишкова – Коко Вандервеге,
Медисон Кејс – Каија Канепи,
Венус Вилијамс – Петра Квитова и
Слоан Стивенс – Анастасија Севастова.

Четвртфинални парови во машка конкуренција:

Рафаел Надал – Андреј Рублев,
Роџер Федерер – Хуан-Мартин Дел Потро,
Сем Квери – Кевин Андерсон и
Пабло Карено-Буста – Диего Себастијан Шварцман.

Четвртфиналната фаза на УС Опен започнува попладне во 18 часот по средноевропско време. 

Датум на објава: вторник, 05 септември 2017 во 09:06
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар