Во меч кој траеше повеќе од два и пол часа, Русија два пати водеше, Германците изедначуваа, но не успеаја да го освојат решавачкиот петти сет (25:19, 20:25, 25:22, 17:25 и 15:13).

Најефикасен во победничкиот состав беше Максим Михајлов со 15 поени, кај германскиот национален тим се истакна Георг Гроцер со 23 освоени поени.

За Русија ова беше вкупно 14. трофеј  од евро-шампионатите и втор од распадот на СССР.

Германија пропушти шанса за прв пат во својата историја да се икачи на европскиот одбојкарски трон.

Бронзениот медал на Европското првенство и припадна на репрезентацијата на Србија која во „малото“ финале ја победи Белгија со 3-2. /МИА

коментари

остави коментар