Србија успеа да се пласираат во полуфиналето откако синоќа во четвртфиналето ја совладаа Бугарија со 3-0 во сетови.

Противник на Србија во полуфиналето ќе биде селекцијата на Германија која со 3:1 во сетови ја победи Чешка.

На другите два дуела од четвртфиналето Русија ја победи Словенија со 3:0, а Белгија беше подобра од Италија со истиот резултат.

Двојки за полуфиналната фаза:
Србија – Германија и
Русија – Белгија.

Денеска на шампионатот е слободен ден, а полуфиналните дуели се играат утре. /МИА

Датум на објава: петок, 01 септември 2017 во 10:20
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар