Финска влезе подобро во натпреварот, и го доби првиот период (23:15), во вториот период, Франција успеа да се врати во натпреварот и да поведе на натпреварот, па на полувреме заминува со еден поен предност (33:32).

На отварање на второто полувреме, Финска постигнува осум врзани поени и повторно прават добра предност (33:40). Но Франција во продолжение од натпреварот успева повторно да се врати во мечот и да го преземе водството благодарение на расположениот Нандо Де Коло. Пред четвртиот период, Франција имаше предност од +5, но нешто се промени и на крајот го загубија натпреварот.

Тројката на Салин од Финска носи изедначување кон средината на последната четвртина, и се влегува во трилер завршница на една минута пред крајот на мечот. Во последните минути, Финска има напад, топката доаѓа до Вилсон и Финска поведува, Франција брзо доаѓа до изедначување, но веќе во следниот напад имаат шанса за победа, но Де Коло промаши шут за два поени.

Во продолжение подобра беше Финска која на крајот слави со 86:84, последните и одлучувачки поени ги постигна Вилсон и им обезбеди победа на своите.
Кај останатите натпревари, во групата А, Грција ја победи селекцијата на Исланд со убедливи 90:61, Словенија беше подобра од Полска (90:81), па први на табелата се нашите јужни соседи, пред Словенија и Финска, потоа следуваат поразените Франција, Полска и Исланд.
Исто така денеска се одиграа и натпреварите од групата Б, каде Германија ја победи Украина 75:63, Грузија славеше против Латвија (79:77), и Италија славеше против Израел.

Датум на објава: четврток, 31 август 2017 во 21:59
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар