Тренерот Раул Гонзалес очекува тежок дуел против Металург кој има неколку промени во својот состав.

- Нема да биде лесно. Новата сезона ќе биде и потешка за нас, бидејќи кога победуваш, потешко е повторно да бидеш победник. Ние сме прваци, и сакаме и мораме добро да се подготвиме. Но, сезоната е долга, и треба полека да се фокусираме на се она што доаѓа во следниот период. Првиот официјален меч секогаш е тежок, особено бидејќи го имаме Металург за ривал. Тие секогаш играле добро против нас и сигурен сум дека повторно ќе биде така, изјави тренерот на Вардар.

Во однос на засилувањата на тимот од Автокоманда, Гонзалес вели дека нема многу сознанија за да може да говори за нивниот квалитет.
- Не знам многу за новиот тим на Металург. Досега се играа пријателски натпревари и не можеш се да знаеш и да споредиш. На тие мечеви нема притисок, тие служат само за воигрување.
Вардар е бранител на трофејот во СЕХА и актуелен европски шампион и поради тоа ја има фаворитската улога во регионалното натпреварување.
- Сега сите зборуваат дека сме фаворити, но треба да го покажеме тоа на терен. Треба да заборавиме на тоа. Ние бевме шампиони, сите ќе сакаат да играат добро против Вардар, и затоа треба да се концентрираме уште подобро на новите натпревари, вели Гонзалез. 

Датум на објава: четврток, 31 август 2017 во 13:37
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар