Бранител на трофејот е македонскиот шампион Вардар, а од нашата земја во силното натпреварување ќе учествува и Металург. Два претставника ќе имаат и Хрватска (Загреб и Нексе) и Словенија (Горење и Цеље). Од Белорусија во лигата ќе учествува Мешков Брест, а од  Словачка (Татран Прешов). Војводина и Динамо Панчево се екипите кои во СЕХА ќе ја претставуваат Србија.

Голема загуба за СЕХА лигата ќе биде неучеството на Веспрем. Унгарскиот великан досега два пати го освојувал трофејот. Без претставник ќе биде и Босна и Херцеговина, откако на Борац Бања Лука му беше забрането учеството поради необезбедени соодветни услови за ТВ преноси.

Двојки за денешните три средби:
Татран Прешов – Мешков Брест,
Војводина – Динамо и
Горење – Цеље.

Утре е дуелот Загреб – Нексе, а на 2 септември е македонската пресметка меѓу Металург и Вардар. /МИА

Датум на објава: среда, 30 август 2017 во 09:41
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар