- Тео ја има изведено најдобрата асистенција која сум ја видел во животот. Помина покрај нас, влезе во рекетот и ја додаде топката преку глава на соиграчот кој се наоѓаше на линијата за три поени. Целосно ме излуди со тој потег. Со нетрпение чекам да видам како ќе игра овде, истакна Дурант.

Асистенцијата која го воодушеви Дурант, српскиот кошаркар ја изведе на Олимпијадата во Рио во 2016 година за време на натпреварот меѓу Србија и САД.

Теодосиќ последните шест години играше за ЦСКА Москва по што одлучи да се испроба во НБА лигата. Настапувал и за Олимпијакос, Борац Чачак, ФМП Железник. Со репрезентацијата на Србија има три сребрени медали од Олимпијада, Светско и Европско првенство. /МИА

Датум на објава: вторник, 29 август 2017 во 10:53
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар