На лидерската позиција остана Рафаел Надал со 7.645 поени, пред Енди Мареј (7.150 поени) и Роџер Федерер (7.145 поени).

Во ТОП 10 уште се и: Стен Вавринка (5.690), Новак Ѓоковиќ (5.325), Александер Зверев (4.470), Марин Чилиќ (4.155), Доминик Тим (4.030), Григор Димитров (3.710) и Кеи Нишикори (3.195).

Од македонските тенисери најдобар пласман бележеи Томислав Јотовски кој е на 584.место со 51 поен што значи пад од пет места во однос на минатонеделното рангирање. Горазд Србљак е 1.193-ти (6 поени), Димитар Грабул е на 1.553 (2 поени), а Бесир Дургути на 1.951.место (1 поен). 

Датум на објава: понеделник, 28 август 2017 во 17:02
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар