По овој пораз европскиот шампион Вардар во понеделник во дуелот за 3.место ќе игра со поразениот од второто полуфинале меѓу Ал Сад (Катар) и Фуксе Берлин (Германија).

По водството на Вардар од 1:0, Барселона направи серија од 10:2 и „црвено-црните“ во тој период (до 22.минута) имаа десет минути без постигнат гол. Сепак, избраниците на Раул Гонзалез се вратија резултатски и на полувреме Барселона водеше 15:12. Во вториот дел Вардар успеа да изедначи на 24:24 во 48.минута, до 55.минута Барселона водеше со гол предност кога беше и последното изедначување 28:28. Во финишот „каталонците“ стигнаа до победата од 32:29.

Најефикасни кај Вардар беа Лука Циндриќ со 7 голови и Вуко Борозан со 6.

Кај Барселона најпрецизен беше Дика Мем со 6 голови, а голманот Перез де Варгас имаше 16 одбрани.

Датум на објава: сабота, 26 август 2017 во 18:10
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар