Германскиот шампион потпиша нов тригодишен договор за настап за црвениот тим до крајот на 2020 – тата .Од неговото доаѓање во тимот на Ферари , клубот стана сериозен кандидат за шампионската титула .

Фетел во моментов со 14 бода води пред Луис Хамилтон од тимот на Мерцедес.

Во Ферари останува и Кими Раиконен , кој потпиша договор на уште една година , што бил еден од условите Фетел да остане во Ферари .

Претходно се шпекулираше дека е можно негово заминување во тимот на Мерцедес.

Датум на објава: сабота, 26 август 2017 во 17:48
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар