Ростов во натпревар од групата Б ја совлада данската екипа Одензе со 30:28 и со тоа го освои првото место во групата. На вториот денешен натпревар Будуќност ја совлада екипата на Кубан Краснодар со 29:28 и го освои второто место во групата А.

Програмата за утрешниот последен ден од турнирот го има следниот распоред: од 14 часот ќе играат екипите на Одензе и Кубан Краснодар (натпревар за петто место), од 16 часот е натпреварот за третото место меѓу Будуќност и Букурешт, а финалето меѓи ЖРК Вардар и Ростов почнува од 18 часот. Натпреварите се играат во СЦ „Јане Сандански“.

Победникот ќе освои и парична награда од 5.000 евра, второпласираниот - 3.000 евра, а третопласираната екипа - 1.000 евра. На турнирот ќе се изберат најдобар голман, играч и стрелец. Вардар е победник на првото издание на турнирот одигран во 2015 година.

Датум на објава: петок, 25 август 2017 во 20:02
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар