Во денешниот натпревар од четвртфиналето Вардар го победи иранскиот тим Гашаран со 30:22 (15:10). Најефикасни во редовите на Вардар беа Лука Циндриќ и Вуко Борозан со по пет голови, а голманот Страхиња Милиќ имаше 15 одбрани.

Вардар утре во полуфиналето ќе игра против Барселона, која во првото четвртфинале го победи првакот на Тунис, Еспереанс со 42:24. Голманот на македонската репрезентација Борко Ристовски имаше 9 одбрани.

Во другите два четвртфинални дуела играат: Берлин - Пинеирос и Ал Сад – Сиднеј.

Датум на објава: петок, 25 август 2017 во 17:18
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар