25-годишниот Ирвинг има шестгодишно искуство во најсилната светската кошаркарска лига, освоил еден шампионски трофеј, одиграл три финалиња, четири пати настапил на „Ол Стар“ натпреварите.

Од почетокот на јули Ирвинг тој побарал „трејд“ од сопственикот на Кавилрс, бидејќи бил незадоволен од статусот на втор играч во тимот во кој последниот збор на теренот го имал главната ѕвезда Леброн Џејмс.

Во обратен правец, од Бостон во Кливленд одат: Ајзеа Томас, Џо Краудер, Анте Жижиќ и првиот пик на драфтот за 2018 година. 

Датум на објава: среда, 23 август 2017 во 10:23
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар