Ова ќе биде 13-от меѓусебен дуел на вечните ривали, билансот е на страната на кралевите кои имаат 6 победи, наспрема оние 4 на каталонците.

Мотивирани по победата во УЕФА Суперкупот, мадриѓаните ќе имаат шанса да дојдат до уште еден трофеј пред официјалниот старт на новата сезона.

Вечерва воедно на тренерската клупа на Барселона ќе дебитира новиот тренер Ернесто Валверде. Шпанските весници веќе ги објавија можните состави на двата тима. Стратегот на клубата на Барселона најверојатно местото на заминатиот Нејмар ќе го пополни со Деулофеу. На спротивната страна, пак, средниот ред ќе биде ослабен за суспендираниот Модриќ, со што неговата позиција би ја заземала Ковачиќ, а најверојатно место во првиот состав нема да има за Марсело и Бензема.

Натпреварот стартува вечерва во 22 часот.

коментари

остави коментар