Вардарци кои се на мини турнеја во Германија, завчера беа совладани второлигашот Бергишер, а вчера загубија од Рајн Некар во меч од турнирот кој се играше во Гумерсбах.

Црвено-црните беа надиграни од од Рајн Некар и тоа убедливо, па на крајот загубија до девет гола разлика 34-25, полувреме 14-10.

Вуко Борозан со 8 гола беше најефикасниот вардаров ракометар, додека Македа постигна 6, а Игор Карачиќ еден помалку (5).

Денеска, Вардар во натпревар за трето место против домашниот тим на Гумерзбах, кој загуби во првиот полуфинален меч до Флензбург со 20-30. /МИА

Датум на објава: недела, 13 август 2017 во 11:18
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар