Покрај ланскиот финалист Металург, Македонија ќе ја претставуваат составите на суперлигашот Охрид и домаќинот Струга. Титулата на јубилејниот интернационален ракометен турнир ќе ја брани екипата на францускиот Шарт, а втора година по ред во Струга ќе играат Алингсас од Шведска и турскиот шампион Бешикташ.
Екипите се поделени во две групи, а по трите кола, на 15 август ќе се разигрува за пласман од трето до шесто место и ќе се игра финалето во кое ќе се сретнат првопласираните екипи од двете групи.
Во А група се, Охрид, Бешикташ и Алингсас, додека Б групата ја сочинуваат, домаќинот Струга, Металург и Шарт.
Денешната програма ќе започне со свечено отворање од 18:45 часот, по што од 19:30 часот во првиот меч ќе играат Шарт и Струга, додека во вечерниот термин од 21:15 часот ќе се сретнат Бешикташ и Алингсас.

Датум на објава: сабота, 12 август 2017 во 14:13
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар