Титулата шампион ќе ја брани екипата на Челзи, а нови членови на Премиер лигата во оваа сезона се Њукасл, Брајтон и Хадерсфилд.

Утре се играат седум натпревари од стартното коло. Во терминот од 13.30 часот Ливерпул гостува кај Вотфорд, додека од 16 часот играат Кристал Палас - Хадерсфилд, Евертон - Стоук, Саутемптон - Свонси, ВБА - Бурнемут. Дуелот Брајтон - Манчестер Сити почнува во 18:30 часот.

Во недела се играат два дуела - Њукасл - Тотенхем и Манчестер Јунајтед - Вест Хем. /МИА

Датум на објава: петок, 11 август 2017 во 10:38
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар