Шаповалов на турнирот настапува со „вајлд карта“, бидејќи е на 143. место на АТП листата. Осумнаесетгодишниот канадски тенисер со овој триумф го спречи Надал да се врати на позицијата број 1 на АТП листата, бидејќи на Шпанецот му беше потребно да игра во полуфиналето на овој турнир за да стане тениски „број еден“.

Ривал на Шаповалов во следната четвртфинална рунда ќе биде Адриан Манарино од Франција.

Најголем фаворит за турнирска победа сега е Роже Федерер, кој синоќа со пресврт го совлада Давид Ферер со 2-1 во сетови (4:6; 6:4 и 6:2). Федерер за влез во полуфиналето ќе игра против Шпанецот Роберто Баутиста Агут.

Во другите два четвртфинални меча ќе играат Робин Хасе (Холандија) - Диего Шварцман (Аргентина) и Александар Зверев (Германија) - Кевин Андерсон (Јужна Африка). /МИА

Датум на објава: петок, 11 август 2017 во 10:37
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар