- Ливерпул не е клуб кој само ги продава своите играчи. Поставивме основа, така да парите не ни се најважни.Не постои цена за која би го продале Кутињо.Во денешниот фудбал не постои ниту еден играч на планетата ќој е недопирлив. Но, трансферот е прашање на тајминг и дали можеш да одговориш на вистински начин, изјави менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп за Скај.

Кутињо четири сезона е играч на Ливерпул и има одиграно 181 натпревар и постигнато 42 гола. Пред Ливерпул тој настапуваше за Интер, Еспањол и Васко де Гама. Во 2013 година Кутињо во Ливерпул од Интер дојде за помалку од 10 милиони евра.

Нова цел за трансфер на Барселона се навестува дека може да биде играчот на Борусија Дортмунд Осман Дембеле.

Датум на објава: четврток, 10 август 2017 во 18:47
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар