Иако нашата селекција во изминатиот период од претходното рангирање немаше активности, односно не одигра ниту еден меч, сепак „црвено-жолтите“, забележаа пад од едно место и сега се наоѓаат на 135-тата позиција.

Од селекциите кои се противници на Македонија во квалификациите за СП во Русија, зад нас единствено е Лихтенштајн на 190.место. Шпанија е 11-та, а Италија веднаш зад неа 12-та, додека Албанија и Израел се на 63-тото односно 70.место на новата листа.

На врвот на листата сега има промена. Селекцијата на Бразил го презеда првото место од Германија. Во ТОП-10 следат: Аргентина, Швајцарија, Полска, Португалија, Чиле, Колумбија, Белгија и Франција.

Можност да напредок нашата селекција ќе има веќе при следното рангирање, се разбира доколку извлече позитивни резултати во дуелите против Израел на гостински терен закажан за 2 септември, односно дуелот против Албанија на 5 септември кој ќе се игра на Националната Арена „филип Втори“ во Скопје. /МИА

Датум на објава: четврток, 10 август 2017 во 14:36
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар