Еден од најзаслужните играчи за триумфот на Реал Мадрид, против Манчестер Јунајтед во дуелот од Суперкупот одигран во Скопје, Иско, кој воедно го постигна и вториот гол за „Кралскиот клуб“, ќе остане во Мадрид до јуни 2022 гоина, пренесуваат медиумите во Шпанија.

Самиот Иско, кој беше прогласен за најдобар играч на Суперкупот, по натпреварот најави дека е блуску до продолќување на договорот.

- Можеби сега не е вистинскиот момент да се зборува за тоа. Сега треба да славиме. Но, можам да ви кажам само дека наскоро се ќе биде завршено, блиску сум до нов договор, изјави Иско.

Иако засега не се откриваат финансиките детали од новиот договор меѓу Иско и Реал, сигурно е дека шпанскиот репрезентативец, кој летово беше „мета“ на повеќе клубови пред се од Премиер лигата, ќе дибие многу поголема плата од актуелната, па шпанските медиуми шпекулираат дека таа годишна ќе изнесува шест милиони евра. /МИА

Датум на објава: четврток, 10 август 2017 во 13:12
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар