Тетовци на 17 август ќе гостуваат во Милано на „Сан Сиро“, каде против фаворизираниот Милан ќе се обидат да извлечат поволен резултат пред реванш дуелот.

Картите за овој натпревар веќе се пуштени во продажба, а најевтината влезница ќе чини 20 евра, додека најскапата изнесува 140 евра.

„Росонерите“ очекуваат нивните симпатизери да ги исполнат трибините на „Сан Сиро“ како што тоа беше случај и на претходниот мееч против Крајова. На овој натпревар се очекува и официјално деби на новите засилувања на Милан Леонардо Бонучи и Лукас Биглиа, кои се најдоа во потесниот избор на Винченцо Монтела за овој натпревар.

Реваншот меѓу Милан и Шкендија ќе се игра седум дена подоцна (22 август) во Скопје. /МИА

Датум на објава: четврток, 10 август 2017 во 10:51
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар