Утре на шампионатот е слободен ден, а во петок Македонија ќе игра против селекцијата на Швајцарија во натпревар за пласман од 17-24.место.
Избраничките на селекторот Анета Глигорова по четирите порази, денешната победа ја навестија во првата четвртина кога постигнаа 37 поени, а на полувреме Македонија имаше постигнато 61 поен. Во вториот дел предноста само беше зголемена.

Најефикасни во нашиот состав беа: Сара Спировска со 21 поен и Јована Петрушевска со 20 поени.

Од 5.коло од групата Д денеска Велика Британија ја победи Словачка со 86:64 во натпревар за второто место во групата. Во последниот дуел играат домаќинот Република Ирска и Украина.

Табела: Велика Британија 9 бодови, Р.Ирска 8, Словачка 8, Украина 6, Македонија 6, Молдавија 5.

Датум на објава: среда, 09 август 2017 во 19:08
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар