Турскиот гигант синоќа одигра пријателски натпревар против италијански тим Каљари, а нашиот репрезентативец настапи во целиот тек на второто полувреме.

Како што пренесуваат медиумите во Турција, Елмас, бурно беше поздравен од присутната публика и за секој допир со топката добиваше овации од трибините.

Мечот заврши во полза на турскиот гигант, а стрелец на единствениот гол беше француската ѕвезда, Валбуена.

Сепак, 17-годишниот македонски репрезентативец ќе мора да почека за своето официјално деби во новиот дрес, бидејќи има проблеми со строгите правила на ФИФА.

Инаку, турскиот гигант е противник на македонскиот шампион Вардар во плејофот за место во групната фаза во Лига Европа. /МИА

Датум на објава: вторник, 08 август 2017 во 12:27
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар