Иако нашата селекција не успеја да освои медал, односно заврши на 4.место, сепак Тасевска признанието го заслужи, благодарение на оличните игри во кои постигна вкупно 21 гол, а на двапати беше прогласувана за играч на натпреварот.

Покрај нашата селекција во „Ол стар тимот“ се и: Израелката Мор Шаул, Каја Колар од Словенија, Дафни Гаучи од Швајцарија, и трите полски ракометарки, Барбара Зима, Кинга Станиславчик и Емилија Ковалик.

За најкориска ракометрака, односно МВП на првенството беше прогласена Словенката Ема Хрватин, додека прв стрелец на турнирот беше Маја Реџепи од Косово. /МИА

Датум на објава: понеделник, 07 август 2017 во 09:56
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар