Противник на нашата селекција ќе биде Бугарија откако двете репрезентации ги освоија вторите места во групите од првата фаза.

Во решавачкиот дуел од А групата синоќа Полска ја победи Македонија со 31:14, а Словенија беше подобра од Бугарија со 36:23.

Натпреварот Македонија - Бугарија се игра во СРЦ „Кале“ со почеток во 17:30 часот, додека финалето на овој шампионат меѓу Словенија и Полска почнува во 19:45 часот. Претходно се играат натпреварите: Фарски Острови - Косово и Швајцарија - Исланд./МИА

Датум на објава: недела, 06 август 2017 во 10:28
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар