На гостувањето во Приштина, репрезентацијата на Македонија загуби од Косово со 72:68 по четвртини 23-11, 17-9, 15-23 и 17-25.

Очајното прво полувреме во кое на противникот му дозволивме да направи двојна предност (40-20), се покажа како клучно за конечниот исход на мечот.

Иако, на почеток на трета четвртина губевме и со 22 разлика, сепак во вториот дел проработе капитенот Стојановски и американецот со македонски пасош Теодор. Со нивните поени на 90-секунди до крајот црвено-жолтите дојдоа до пет негатива (66-61), а потоа и на -2 (70-68) на 30.секунди пред крајот на мечот.

Сепак, избраниците на селекторот Давитков немаа доволно сили да направат и комплетен резултатски пресврт, па на крајот загубија со 72:68.

Најефикасен кај победникот беше Дардан Бериша со 28 поени, додека во нашата селекција најмнногу 22 поени постигна Џордан Теодор, додека Војдан Стојановски постигна 17, сите во второто полувреме.

Ова беше првиот меч од квалификациската Ц групата во која е и селекцијата на Естонија, против која Македонија веќе во сабота 5 август ќе го игра вториот меч и тоа на домашен терен во Скопје./МИА

коментари

остави коментар