Во рамки од второто коло на групата А, селекцијата на Македонија ја победи Швајцарија со 24-23, полувреме 13-13.
Во првото полувреме нашите ракометарки во два наврати имаа и по три гола предност (6-3 и 7-4), но гостинките брзо успеаја да ја анулираат па на одмор се замина со израмнет резултат 13-13.
Во вториот дел, Швајцарките беа оние кои први направија два гола позитива откако во 45. минута поведоа со 20-18. Но, избраничките на селекторката Јулијана Дамчевска, не се предадоа и набргу го израмнија резултатот на 21-21 (48. минута). До крајот на мечот се играше со многу грешки, а во таквата игра подобро се снајдоа нашите млади ракометарки кои на крајот заслужено триумфираа со конечни 24-23
Во нашата репрезентација најефикасна беше Марија Тасевска со 6 голови, додека Милица Николиќ и Арлинда Динарица постигнаа по четири.
За Македонските ракометарки ова беше втора победа, по вчерашната со службен резултат против Грција, додека за Швајцарките прв пораз.
На шампионатот утре е ден за одмор, по што в петок нашите ракометарки одново во терминот од 17 часот ќе го играат дуелот против селекцијата на Фарските Острови.

Датум на објава: среда, 02 август 2017 во 19:07
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар