Целта е да се оди уште едно скалило погоре и да се освои европскиот врв, односно да го повторат успехот на машкиот колектив на „црвено-црното“ ракометно семејство.

За новата сезона вардарки имаат пет нови имиња во составот, репрезентативки на Македонија, Теа Керамичиева, Мирјета Бајрамовска, Јована Саздовска, како и Русинката Полена Кузнецова и Србинката Драгана Цвијиќ.

Вардарки во Скопје ќе бидат до петок, а потоа се заминува на Златибор каде ќе останат десет дена. По враќањето дома, ќе се подготвуваат за настап на турнирот чии домаќини сме тие, а кој ќе се игра во периодот од 23 до 26 август во Скопје. На турнирот „Трофеј Вардар" ќе учествуваат уште пет екипи, Будуќност (Црна Гора), Одензе (Данска) и ЧСМ Букурешт (Романија), Краснодар и Ростов (Русија).

Во меѓувреме можно е да се одиграат и некои контролни средби.

Датум на објава: среда, 02 август 2017 во 10:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар