По трите порази во првата фаза по групи нашите јуниорки сега ќе разигруваат за пласман од 9-16.место на првенството.

Тие ќе играат во И1 групата против селекциите на Шведска и Романија, а во групата е и Хрватска од која загубија на стартот на првенството.

Македонија и Шведска оваа фаза ќе ја започнат без бодови, додека Романија и Хрватска ќе стартуваат со 2 бода.

Првиот меч од денешната програме е токму дуелот меѓу Македонија и Шведска од 13 часот, а два часа подоцна (15) ќе играат Романија – Хрватска. /МИА

Датум на објава: вторник, 01 август 2017 во 10:12
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар