Ѓорческа изминатиов период немаше настапи поради повреда и не беше во можност да ги брани поените освоени лани.

Таа има 254 поени и следната недела нема потреба да брани поени. Во конкуренција на двојки Ѓорческа е на 152.место со 480 поени.

Од македонските тенсиерки ранг има и Магдалена Стоилковска која се наоѓа на 1197 место со 4 поени. Таа има скок од четир места.

На врвот на ВТА е Каролина Плишкова со 6751 поен, пред Симона Халеп со 5770, трета е Анжелик Кербер со 5626, четврта е Гарбине Мугуруза со 4991, додека на петтатат позиција е Елина Свитолина со 4935 поени. /МИА

Датум на објава: понеделник, 31 јули 2017 во 11:34
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар