Ова за Јотовски беше трето полуфинале последните три недели на фјучрс турнирите, а остана неговиот тирумф во Телави, Грузија пред две недели. За пласманот во полуфиналето нашиот тенсиер ќе освои 6 АТП поени со што ќе може да напредува на ранг листата.

Австриецот Нојхрист својата доминација во првиот сет ја имаше благодарение на одличниот сервис кога Јотовски не успеа да дојде до ниту еден брејк и Нојхрист сетот го доби со 6:3 во гемови. Во вториот сет нашиот тенисер беше на чекор до изедначување и не искорист две сте топки. Најпрвин при резултат 5:3 го загуби гемот на свој сервис (имаше сет топка), а потоа и во следниот гем на сервис на противникот не ја искористи втората сет топка. Во тај брекот повторно Нојхрист беше доминантен. Мечот траеше 1 час и 50 минути.

Во второто полуфинале Нино Сердарушиќ од Хрватска со 2-1 во сетови го победи Давид Пихлер од Австрија. Финалето се игра утре со почеток во 11 часот.

Денеска почнаа и квалификациите на вториот фјучрс турнир што ќе се игра на терените на „Тенис парк“. 

Датум на објава: сабота, 29 јули 2017 во 16:49
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар