Хрватите приредија големо изненадување во полуфиналето на Мундијалот со победата над актуелниот светски и олимписки првак Србија со 12-11.
Во неизвесниот меч до самиот крај победничкиот гол за ,,коцкестите" го постигна Јоковиќ, за голема радост не само на ватерполистите туку и бројните хрватски навивачи присутни во Будимпешта.

Хрватска во финалето за противник ќе го имаат домаќинот Унгарија, откако оваа селекција во првото полуфинале славеше над Грција со резултат 7-5. 

Датум на објава: петок, 28 јули 2017 во 17:16
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар