Ѓоковиќ има повреда на лактот, која му создава проблеми повеќе од една година.

- Оваа одлука морав да ја донесам. На Вимблдон болките беа се поголеми. По консултации со многу специјалисти решив дека ми е потребен одмор. Ќе се обидам со различни методи на рехабилитација да се вратам што е можно побрзо на теренот. Еден период ќе биде и без употреба на рекетот, а се надевам дека потоа ќе можам да тренирам. Му благодарам на Андре Агаси што беше одреден период со мене и се радувам што и понатаму ќе имаме соработка на големите турнири, изјави Ѓоковиќ.

Тој до крајот на сезоната ќе ја пропушти американската турнеја како и учеството на Грен слем турнирот во Њујорк (УС Опен). 

Датум на објава: среда, 26 јули 2017 во 15:33
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар