За два дена Стојановски настапи во две финалиња, а во второто стигна до четвртото место.

Откако на 400 метри слободно во финалната трка заврши како петтопласиран, во финалето на 400 метри мешано Стојановски го освои 4. место пливајќи со време од 4:51.32 минути што сепак не беше доволно да се искачи на пиедесталот.

Последниот настап на Олимписките игри за глуви Андреј Стојановски ќе го има на 24 јули во трката на 1.500 метри слободно. /МИА

Датум на објава: сабота, 22 јули 2017 во 11:59
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар