Мексико ноќеска го победи Курасао со 2:0, додека Јамајка и Салвадор ремизираа 1:1, резултат што им одговараше на двете селекции.

Пласман во четвртфиналето од А-групата обезбедија Костарика, Канада и Хондурас, од Б-групата САД и Панама, од Ц-групата Мексико, Јамајка и Салвадор.

Двојки за четвртфиналето:

Костарика – Панама,
Мексико – Хондурас,
САД – Салвадор и
Јамајка – Канада.

Трофејот освоен пред две години го брани Мексико. /МИА

Датум на објава: понеделник, 17 јули 2017 во 09:26
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар