До 8 август легендарните трофеи на УЕФА ќе бидат изложени во Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Неготино, Струмица, Штип, Куманово и Скопје.

Во пресрет на најголемиот спортски настан во историјата на Македонија, финалето на европскиот Супер куп меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, фудбалските фанови во Македонија ќе имаат можност да се сликаат со трофеите и да го тестираат своето фудбалско знаење со учество во различни игри и на тој начин да освојат и симболични награди.

Покрај мултимедијалната изложба во соработка со официјалните спонзори на УЕФА Супер куп – Скопје 2017 ќе бидат организирани фудбалски натпревари меѓу најмладите фанови на мини терени поставени во Тетово, Охрид, Битола, Прилеп, Неготино, Струмица, Штип, Куманово и Скопје.

На 1 август трите трофеи ќе бидат изложени во Тетово од 9 до 11 часот, а истиот ден можност да се фотографираат со пехарите од Лига на Шампиони, Европската лига и Супер куп на УЕФА ќе имаат граѓаните на Охрид, како и туристите кои ќе бидат во посета на градот.

Следниот ден (2 август), на големиот македонски празник Илинден, трофеите ќе бидат во Битола од 10-12 часот и во Прилеп од 18- 20 часот. На 3 август во Неготино од 10 до 12 часот и во Струмица од 18 до 20 часот, а на 4 август во Штип од 10-12 часот и во Куманово од 18 до 20 часот.

На плоштадот „Македонија“ во Скопје, големите трофеи на УЕФА ќе бидат изложени на 7 август од 11 до 19 часот и на денот на одигрувањето на Супер купот, 8 август од 11 до 16 часот. /МИА

Датум на објава: петок, 14 јули 2017 во 09:01
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар