- Среќен сум што дојдов овде. Не беше лесно да се комплетира овој трансфер, но успеавме и среќен сум. Имав многу понуди, но отсекогаш сонував да играм во Англија и затоа дојдов овде. Лидс е голем клуб, со богата традиција и бројни навивачи, чувството е фантастично да се знае дека сум дел од овој клуб, изјави македонскиот фудбалер за клупската телевизија на Лидс Јунајтед.

25-годишниот Алиоски зад себе има одлична сезона во Лугано и во македонската репрезентација, по што доби покана да заигра во втората по квалитет англиска лига во клуб кој има амбиции да се врати во Премиер лигата.

- Дојдов за да оствариме добри резултати, зошто да не и да заиграме во Премиер-лигата. Клубот има потенцијал, има и желба да го оствари тоа, е оптимист новиот член на Лидс.

Алиоски во Лидс ќе го носи дресот со број 9.

Датум на објава: петок, 14 јули 2017 во 09:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар