Во првиот меч од второто квалификациско коло за Лига Европа одигран попладнево во Струмица, екипата на Шкендија славеше победа од 3:1 над ХЈК Хелсинки.

Првата посериозна можност ја имаа тетовци и тоа во 27. минута преку Ибраими кој со удар од далечина се обиде да го изненади гостинскиот голман, но резултатот остана непроменет.

Затоа пак, само осум минути подоцна гостите од Минск поведоа со 1:0, и тоа благодарение на заспаноста на одбраната на Шкендија, која ја искористи интернационалецот од Гамбија, Усман Јалоу.

Примениот гол како да ги разбуди фудбалерите на Шкендија кои го забрзаа темпото, па како резултат на таквата игра дојде израмнувањето во 45.минута откако Бесарт Ибраими ја искористи најстрогата казна и со гол од пенал го израмни резултатот.

Пресвртот Ибраими го најави со својот втор гол во 59-минута, за водство од 2-1.

Комплетирањето на хет-трикот на македонскиот репрезентативец стигна само пет минути подоцна, кога по вторпат ја затресе мрежата на Хелсинки повторно од пенал.

Победата од 3-1 е одлична предност за тетовската екипа пред реваншот во Финска, кој се игра за една недела. 

Датум на објава: четврток, 13 јули 2017 во 22:24
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар