Мугуруза доминираше во текот на целиот меч и на противничката и пропушти само по еден гем во првиот и во вториот сет (6:1 и 6:1).

За 20-годишната шпанска тенисерка ова ќе биде второ полуфинале на Грен слемот во Лондон.

Во второто полуфинале попладнево од 15:35 часот ќе играат Венус Вилијамс (САД) и домашната тенисерка Јохана Конта (Велика Британија).

Женското финале на Вимблдон е закажано за сабота.

Во машка конкуренција денес е слободен ден, а утре во полуфиналето ќе играат:
Сем Квери (САД) – Марин Чилиќ (Хрватска) и
Роџер Федерер (Швајцарија) – Томаш Бердих (Чешка). 

Датум на објава: четврток, 13 јули 2017 во 17:24
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар